над 40 загинати во директен судир меѓу автобус и камион

0
246

Повеќе од 40 лица загинале, а осуммина се повредени откако автобус и камион се судриле во областа Жиронд во југозападна Франција, велат локалните власти.

Инцидентот се случил во околу 7.30 часот по локално време кај градот Либурн. Двете возила се запалиле при судирот. Околу 60 пожарникари биле пратени на местото на инцидентот, објавија медиумите.

Според најновите информации, осуммина ја преживеале несреќата така што избегале од автобусот, кој бил зафатен во пламен.

Несреќата се случила кога автобусот од непозната причина скршнал од патот и удрил во камионот.

Официјалната бројка на загинатите засега е 42, но се смета дека може да стигне и до 49.

Патиштата се блокирани, а колите за брза помош ги превезуваат малкутемина преживеани.

Сите настрадани се патници на автобусот, како и возачот на камионот што превезувал дрва.