Над 5.000 мигранти добиле потврди од МВР

0
193

Мининистерството за внатрешнир аботи во понедленикот информираше дека на 5.005 странски државјани издало потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавањ е на право на азил.

Потврдиде започнаа да се издават од 19.06.2015 година врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.180, потоа Авганистан- 479, Ирак- 321, Пакистан- 250, Сомалија- 245,  додека останатите се во помал број.

Заради зголемениот притисок од илегални мигранти на јужната граница кон соседна Грција, МВР продолжува со засилените мерки за обезбедување на граничата линија. /крај/

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс.