Над 50 загинати и 200 повредени во нападот во Лас Вегас

0
361

Бројот на загинатите во вооружениот напад за време на концертот пред хотелот Менделеј Беј во Лас Вегас се искачи на најмалку 50, додека бројот на ранетите на 200.

Според полицијата, врз присутните било пукано од 32-от кат од хотелот.

Полицијата во Лас Вегас го идентификува осомничениот напаѓач како 64-годишниот Стефан Паддок, локален жител, кој е убиен, но засега не се познати причините за нападот.

Меѓу меѓу загинатите има и полициски службеници, но шефот на полицијата на Лас Вегас Џо Ломбардо не го објави нивниот идентитет. Двајца полицајци се и меѓу повредените, од кои едниот е во критична состојба.

Без коментари