Над 500 гласачи спорни во Битола

0
1312

Кај над 500 граѓани од вкупно 3849 се потврдени сомнежите дека неосновано се нашле на избирачкиот список во Битола. Тоа се граѓани од три спорни улици во градот, кои се претежно од ромска националност.Теренската проверка во Битола завршила навреме во законски предвидениот рок

-Проблем имавме на улиците Караорман, Љубојно и Козјак каде се спорни над 500 гласачи. Тие улици се улици без уличен систем и не може да се евидентираат граѓаните, и тоа се граѓани претежно од Ромска националност, изјави Стефан Чекутков виш соработник во ПО на ДИК во Битола

Избирачкиот список треба јавно да биде објавен на 17 април. Проверката се одвиваше десетина дена каде беа проверени над 89.000 сомнителни или неконзистентни гласачи на ниво на држава .Сега, вели Чекутков тие спорни над 500 гласачи на ниво на Битола биле расчистени.

-Одредени граѓани прифатија да дадат податоци, а на останатите што не дадоа му се остава известување дека во рок од три дена треба да дојдат до подрачното одделение на ДИК во Битола за да се реши нивната ситуација. Ако не дојдат и не се направи исправка, најверојатно тие ќе бидат предмет на понатамошна обработка во ДИК, додаде Чекутков

Моментално во Подрачното одделение се врши електронска обработка на податоците , за која што биле ангажирани 12 стручни работници

За два дена треба да се самораспушти Собранието, согласно одлуката за предвремени избори на 5 јуни. На 17 април треба да се објави конечниот избирачки список и да се стави на увид.