Над 7000 дивоградби легализирани во Битола

0
310

Од септември 2011 година, Државата им даде право на граѓаните кои имаат дивоизградени објекти, истите да ги легализираат за 1 евро по метар квадратен површина. Одредена документација која вклучува и геодетски елаборат, беше неопходна при поднесувањето барање, со што во изминатиов период од 4 години, многу битолчани се стекнаа со право на сопственост, откако општината им додели решенија. Има и такви кои сеуште не доставиле потполна документација, односно за да го фатат првичниот рок, можеа да поднесат барање без елаборати кои дополнително требаше да ги достават, но голем број од нив сеуште не си ја исполниле обврската, на што аплеираа и од општина Битола и од Агенцијата за катастар и недвижнини.

Славче Трпески раководител на Агенцијата за катастар и недвижности вели дека севкупно се легализирани околу над 150 000 барања, а во Битола над 7651.

Рокот за доставување на елаборатите истекува на 31 ви декември оваа година.Оние кои не успеале во предвидениот рок да поднесат барања за легализација на дивоизградени објекти нема да може да се стекнат со право на сопственост на тие објекти ниту да ги продваат ниту да ги остават во наследтсво.