Над 80 проценти од граѓаните секојдневно се информираат од телевизија

0
401

Во периодот од последните пет години во континуитет се намалувал бројот на домаќинствата кои телевизискиот сигнал го примале преку класична антена, односно кои ги примале само домашните телевизиски станици со слободен пристап (до јуни 2013 година аналогно, а оттогаш дигитално). Па така, учеството на овие домаќинства од 2009 до 2014 година се намалило за 17,2 процентни поени. Од друга страна пак, постојано се зголемувале претплатниците на операторите на јавни електронски комуникациск и мрежи, и тоа за овие пет години нивното учество се зголемило за 23,1 процентни поени.

cetverok.Still002

90% од домаќинствата ги користеле услугите на операторите на јавни електронски

комуникациски мрежи. Повеќе од половина од домаќинствата (51,8%) биле претплатници на кабелските оператори. Бројот на претплатници на кабелските оператори од урбаните средини би л два пати поголем отколку бројот на претплатниците од руралните средини.

И во 2014 година телевизијата била најзначаен медиум за информирање за македонската публика. 82,7% од испитаниците одговорил е дека за домашните и странските настани,

cetverok.Still001

секој ден или речиси секој ден се информираат од телевизијата, а 10,7% неколку пати

неделно. Само 1,3% од граѓаните никогаш не се информирале од телевизијата. Во последните три години постојано се зголемувал бројот на оние коишто најчесто се информирале од телевизијата (во 2012 година 75,40%, во 2013 година – 79%, а во 2014 година 82,70%).

Втор избор за информирање за македонските граѓани бил интернетот, од којшто секој ден или речиси секој ден се информира ле 41,4% , а 12,6% неколку пати неделно.

Поголем дел од македонските граѓани за домашните и странските настани секојдневно се информирале од други луѓе (30,1%), отколку од печатените медиуми (16,5%) или од

радиото (11,4%). Дури 44,7% од испитаниците одговориле дека никогаш не се

информираат од ра диото, а 30,2% од печатените медиуми. Во последните три години постојано се намалувал бројот на оние кои секојдневно се информирале од печатот (во 2012 година – 23 , 60% , во 2013 година – 20 , 00% , а во 2014 година – 16 , 50% ).

Без коментари

LEAVE A REPLY