Над илјада мигранти заглавени во меѓузоната

0
306

Над илјада мигранти останаа заглавени во меѓуграничната зона меѓу Македонија и Грција, јавува нашиот дописник во Гевгелија. Граничната полиција и денеска ги пропушта само бегалците од воените подрачја, додека од грчка страна се уште пристигнуваат и економски мигранти.

Од Министерството за внатрешни работивелат дека состојбата со мигрантите на северната и на јужната граница на државата е редовна и нема значителни промени или вонредни настани.

Според информациите од грчките волонтери во Идомени објавени на социјалните мрежи дел од мигрантите протестираат и штрајкуваат со глад, поради одлуката со која македонската граница може да ја поминат само државјани на Сирија, Авганистан и Ирак.