Над три милиони долари за реновирање на Белата куќа

0
428

По двомесечно реновирање, што чинеше над три милиони долари, Белата куќа доби сосем нов изглед. На влезот на „западното крило“ на службената резиденција на претседателот на САД е поставен и знак за добредојде.

Само новите 6.000 метри тепих чинат повеќе од милион долари.

Во Овалниот кабинет пак, има нови тапети коишто ги избра лично Доналд Трамп, а на таванот над лустерот е поставена скулптура – златен орел.

Во однос на практичните работии техничката реконструкција, системот за греење е обновен, како и климатизацијата и ИТ системот.

И, сето тоа е направено и набавено во САД, соопштуваат од Белата куќа.

Без коментари