Надал не се преокупира со рекордите на Федерер

0
391

Рафаел Надал во интервју за шпанска „Марка“ изјави дека не размислува за рекордот на Роџер Федерер на грен слем турнирите. Швајцарскиот ас дури 17 пати има триумфирано на големите турнири со што е најдобар во историјата.

„Воопшто не размислувам за 17 грен слем титули на Федерер. Ѓоковиќ има десет. Јас сакам да бидам здрав и подготвен во наредните години, во моментов на тоа се фокусирам, – вели Надал кој откри кога сфатил дека може да биде меѓу најдобрите на светот. Кога имав 15 ипол години почнав навистина да верувам дека можам да станам професионалец. Сепак најважно е да останете скромни и да работите, дури и кога сте прв на светот морате да напредувате зошто знаете дека постојат и други играчи кои вредно работат“, изјави Шпанецот.