Надал по една деценија не е во Топ 5 тенисери во светот

0
220

Рафаел Надал го има најголемиот пад на АТП листата во последните десет години, шпанскиот тенисер се најде на седмата позиција.

Проблемите со повреди и слабата форма по враќањето го избуткаа Рафаел Надал од топ 5 списокот на најдобри тенисери во светот.
На врвот и понатаму убедлив е Новак Ѓоковиќ, додека славниот шпански тенисер се најде на седмата позиција.
Роже Федерер е на втората позиција, Мареј е трет, Милош Раониќ се најде на четвртото место, а во топ 10 се уште и Томаш Бердих, Кеј Нишикори, Давид Ферер, Станислас Вавринка и Марин Чилиќ.