Надалеку се слушаат бељаџиите од Велес

0
794

Последните неколку дена во центар на внимание беа изборите на САД како и пoбедата на американскиот председател Доналд Трапм, се пишуваше се и сешто, но истражувањата кои биле спроведени покажале дека 38 % од објавите биле лажни информации , а исто така утврдиле дека изорот на тие лажни информации бил и Македонија.

Американски комичари Стивен Колберт во неговото синоќешно издание на лејт најт шоу на националната американска телевизија „CBS“ зборуваше за лажните вести кои масовно се споделуваа на Фејсбук во текот на изминатите месеци и влијанието кое тие го имаа врз изборите во САД и победата на Доналд Трамп. Тој директно им се обррати на македонските тинејџери кои објавуваа такви вести, комичарот имаше смешна порака за велешани повикувајќи ги да одат и да престанат со дезинформирање и да „украдат кукла и да ја запалат во шумата!“.

Додека Google соопшти дека ќе контролира какви вести се пуштаат и дали овие вести одговараат на вистината или не. Исто така ќе се гледаат под лупа рекламните клипови кои според многумина се најголемото средство за ширење на лажни вести.