Надградба на системот за наводнување во Крани

0
386

Проектот за заштита на Преспанското езеро кој го спроведува Општина Ресен и УНДП со донатарски средства од Швајцарската агенција за развој , проект кој придонесува кон подобрување на состојбата со животната средина и заштитата на Преспанското езеро, е во фаза на реализација на мали инфраструктурни грантови. Амбасадорката на УНДП во Mакедонија, Лујза Винтон и градоначалникот на Општина Ресен, Ѓоко Стрезовски ја посетија МЗ Крани како еден од корисниците на мали инфраструктурни грантови каде ќе се реализира надградба на системот за наводнување на земјоделското земјиште во ова преспанско село.

Во однос на програмата за мали инфраструктурни грантови по извршениот јавен повик се идентификуваа 11 мали инфраструктурни проекти и тоа: 2 за санирање на просторот и изградба на еко паркови со цел оплеменување на просторот и подигање на јавната еко свест во населените места Јанковец и Штрбово.

Вкупно од Проектот за заштита на Преспанското езеро за оваа цел ќе се обезбедат преку 11 милиони денари , кои треба да го подобрат статусот на животната средина во Преспа и рационално искористување и одржливо менаџирање со дел од природните ресурси во општина Ресен.