Надолен тренд за Македонија во новиот извештај на Фридом Хаус

0
511

Во новообјавениот извештај на Фридом Хаус за слободата во светот, организацијата оценува дека Македонија во 2015 година има оценка од 3,5 и надолен тренд, кој се должи на аферата со прислушувањето. Според американската организација, на Балканот постои застој и Македонија, Косово и Босна покажале дисфункционалност.

„Македонија доби надолна тренд линија поради натамошните информации за тешки недостатоци во изборите во 2014 година, кои доведоа до опозицискиот бојкот на Собранието. Новите информации се дел од поврзаниот скандал со распространетото владино следење на политички и верски лидери, новинари и приватни граѓани”, пишува во извештајот на Фридом Хаус. Поради оценките поврзани со изборите, Фридом Хаус во извештајот оценува дека Македонија не спаѓа во категоријата изборни демократии. Македонија останува во категоријата делумно слободни држави, во која на Балканот спаѓаат и Албанија, Босна, Косово и Црна Гора

Без коментари

LEAVE A REPLY