Надвор пекол жешко, лекарите со совети

0
599

Македонија денеска е во жолта алертна фаза.Максималните температури во целата држава   над 32 Целзиусови степени, а долж Повардарието со температура до 39 степени. ВО Битола денес измерени  39 степени. Во Битола до 33 степени. Ваквото жешко време ги наполни амбулантите во градот. Се работи за пациенти кои имаат проблем со кардиоваскуларниот систем, пациенти кој што се жалат на висок и на низок крвен притисок, колапси, градни болки, пациенти кои што имаат проблеми со респираторниот систем, отежнато дишење, замор, а зголемен е бројот на пациенти со главобилки  велат од амбулантата д-р Стефановски од Битола

pekol zesko
-Големо внимание граѓаните треба да обрнат на жешкото време, посебно хронично болните лица, лицата со кардиоваскуларни болести, лицата со невролошки и белодробни заболување. Доколку заприметат некоја симптоматологија за своетото здравје , веднаш да се јават кај матичниот лекар или пак во Брза помош, изјави д-р Маја Ристанчевска од ПЗО Д.р Стефановски-Битола

cesma
Граѓаните  потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури
-Да не се излегува без потреба надвор во најжешкото време од денот, да се пие повеќе течности, да се јаде лесна храна, повеќе зеленчук и овошје кое што треба добро да биде измиено, да се избегнуваат производи кои што не се термички обработени, носење светла и лесна облека, хронично болните редовно да ја земаат својата терапија, додаде  д-р Маја Ристанчевска од ПЗО Д.р Стефановски-Битола

Утре ќе има значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни кон сабота, особено во северните делови. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата. За викендот ќе биде променливо облачно, ветровито и доста посвежо време со локални врнежи од дожд.Стабилизрање на времето се очекува од понеделник.