Надворешната задолженост достигна 70,1% од БДП

0
711

Според објавените проспекти на министерството за финансии, станува збор за аукција на државни хартии од вредност со рок на доспевање од 10 и 15 години, како и записи со помала рочност.

Според официјалните податоци, заклучно со првиот квартал од 2016 година, вкупниот јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45% од Бруто домашниот производ.
Од друга страна, надворешната задолженост достигна 70,1% од БДП и според податоците од Народната банка, на крајот од март во споредба со последниот квартал од 2015 година,  таа е зголемена за 353 милиони евра.
Утре, освен задолжување, владата треба да се раздолжи и по основ на доспеани обврски во вредност од 5,4 милиони евра.
За шест години, или од 2010 година до сега јавниот долг се заголеми за 1,9 милијарди евра и според овој критериум, Македонија е сеуште во групата на умерено задолжени земји, додека според надворешната задолженост економијата веќе е рангирана во високо задолжени.