На есен ќе биде пуштена во употреба градинката во Новаци

0
497

Во Новаци на есен со почетокот на школската година ќе биде пуштена во употреба новата градинка. Во мај минатата година беше поставен камен темелникот а инвестицијата чинеше 6,5 милиони евра. Градоначалникот на општината истакна дека градинката ќе биде од голема корист за жителите, бидејќи, како што рече, интерес за згрижување деца имало пројавено не само од Новаци туку и од другите села.

Општина Новаци е една од ретките општини каде што е зголемен наталитетот. Поради тоа се зголемува и бројот на ученици, па од наесен се планира да се отвори уште една паралелка

Годинава Основното училиште Славко Лумбарковски од Новаци одбележува 60 години од своето постоење. Вo рамки на ова училиште функционираат уште 8 подрачни училишта.

ОУ Славко Лумбарковски почнува со работа во 1956/57 година, и од тогаш до денес наставата се одржува на македонски јазик. Јубилејот беше одбележан со повеќе активности како спортски натпревари, отворен ден на училиштето, и со изложба на фотографии од животот на училиштето во изминатите 60 години .