Награда за”Дневникот на лудиот”на меѓународен фестивал во Пула

0
931

Битолскиот подвижен музички театар или Moving Music Theatre на Марјан Неќак за моно-операта „Дневникот на лудиот“ , после фестивалот во Нови Сад, доби награди и во Пула, Хрватска.
– Критичарите на Интернационалниот фестивал на алтернативен и нов театар ИНФАНТ во Нови Сад, посочија дека нашата претстава го реафирмира музичкиот театар дополнет со современи средства во дизајнот на звучната и визуелната слика. Задоволни сме од освоената награда на овој, но и на Меѓународниот театарски фестивал „ПУФ“ што се одржа во Пула каде сме наградени за поединечно и заедничко уметничко остварување и презентација на познатото дело на Гогољ, појасни Неќак.

Трочленото жури на пулскиот фестивал го сочинуваа Енес Кишевиќ, Бојана Кустиќ Јурага и Радмила Џурица.

Moving music theatre ја освои наградата Капка заради како што истакна жири комисијата: маестралната компарација на шизофрениот поединец и анализата на општествениот статус како и идентитетот на поединецот низ класичното дело на Гогољ.
Наградата за движечкиот битолски музички театар, е награда за поединечно или севкупно остварување код придонесува за едно ново освежување во рамките на наградите на овој фестивал.

Наградата Облак отиде за претставата Аnno Domini, summer colection by M.F., хрватско француска копродукција, во режија на Мехдиј Фарајпоур.
Наградата Ветер за истражувачки дострели кои носар една нова свежина, е доделена за претставата Солта на земјата, од Израел .

Наградата Гром за посебен придонес и исклучителни резултати во различните елементи на театарот, е доделена на италијанската трупа Театро дел Венти од Модена, за претставата Змеј.

Наградата Озон и припадна на претставата EXTension (+).

Скулптурите кои симболично ги претставуваат наградите на ПУФ., се изработени од пулскиот уметник Роберта Вејсман Наги, а на добитниците им ги доделува градот Пула.

ММТ-Битола на 31 јули ќе учествува на „Сплитско лето“, на 14 и 15 август ќе настапи во Бриони, а летната фестивалска турнеја ќе биде заокружена во црногорскиот туристички центар Тиват каде на 25 август ќе биде изведена моно-операта „Дневникот на лудиот“.