Награда за животно дело за академик Ѓорги Здравев

0
1411

На свечената академија по повод празникот на Битола, беа доделени 4-то ноемвриските награди. Највисокото општинско признание, наградата за животно дело, ја доби академик Ѓорги Здравев.

Toj претставува редок и неуморен музички педагог, научник и диригент, кој остави длабоки траги во музиката во Битола, Македонија и пошироко. Во текот на својот плоден творечки период објавил голем број книги и учебници од областа на музиката и методика на музика.

Беа доделени и четири едногодишни награди во неколку области и тоа на- Димче Најдов, автор на книгата Битола низ старите разгледници, Петар Горко ,актер, Борче Костов, мотокрос возач и КУД. Илинден Битола, друштво кое што слави 60 годишен јубилеј.

Оваа манифестација е можност да се согледаат и резимираат резултатите постигнати во годината што поминала, така што градот им оддава признание на своите сограѓани и истовремено ги поттикнува на натпревар, кој што носи и развој на градот и на целата поширока заедница. Секој празник, исто така, е и можност да се сумираат и резултатите од работењето на Општината, така што традиционално Градоначалникот издава Општински информатор со сето она што значи активност, настан, инфраструктура и проект во периодот од едниот до другиот ноември.

Оваа година се одбележа 71 година од ослободувањето на Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY