Наградата Борислав Траиковски во рацете на Илија Кочовски

0
1535

Во културниот центар Магаза, свечено беше отворена годишната изложба на ДЛУБ.

Делата на повеќе од 20- тина уметници, членови на ова здружение, се дел од изложбата.

Наградата Борислав Траиковски оваа година ја доби уметникот Илија Кочовски.

Тој пред неколки месеци ја претстави ретроспективната изложба на графики по повод 45 години работа на ликовната сцена.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Битола, Владимир Талески а по повод роденденот на градот 4 ти ноември.

Годишната изложба на членовите на ДЛУБ. ги носи најновите ликовни остварувања од сите ликовни техники и содржини и е настан кој го одбележува културниот и уметничкиот живот на тековната година во Битола.

Уметниците се претставија со својата најнова работа, нудејќи ја на увид својата ликовна креативност пред битолската јавност.

На изложбата со свои дела учествуваа-Панде Петровски , Оливера Лазаревска, Драгана Тошиќ, Роберт Михајловски, Илија Кочовски, Драган Најденовски, Зина Неделчева, Димитар Солаковски, Маја Ковачевска, Мирослав Николовски, Љубица Солаковска, Гоце Трајковски, Славица Михаилова, Димитар Димитров, Елена Ѓорѓиевска, Стефан Малбашиќ, Ема Ќука, Стефан Поповски, Стефан Цигаридов, Дејан Кратовски.

Годишната изложба на ДЛУБ. донесе дела на млади ликовни уметници, но и на веќе докажани во и надвор од Македонија.