Наградата Борислав Траиковски во рацете на Љубица М.Солак

0
2089

Ликовниот уметник Љубица Мешкова Солак е годинешен добитник на наградата „Борислав Траиковски“, која ја доделува Друштвото на ликовни уметници на Битола-ДЛУБ.

На свеченоста во културниот центар Магаза, претседателот на ДЛУБ, Драган Најденовски истакна дека за наградата конкурирале 22 ликовни уметници, а наградата на Солак и припадна за делото „Океаниа“.
Наградата и ја врачи претставник на семејството Траиковски, неговиот внук, адвокатот Никола Главинче.

Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници ја поддржа Македонското научно друштво, МНД-Битола кое годинава во рамките на своите програмски активности ќе издаде монографија за Борислав Траиковски.

Оваа година со свои дела се претставија Александар Поповски, Билјана Бинчев, Весна Дунимагловска, Владе Котевски, Владимир Симоновски, Владимир Темков, Данчо Ордев, Драган Најденовски, Драгана Тошиќ, Елена Ѓоргиевска, Златко Крстевски, Илија Кочовски, Маја Ковачевска, Марија Велевска, Мирјана Бубевска, Николче Славевски, Николче Српчански, Оливера Лазаревска Оља, Панде Петровски, Сандра Котевска, Славица Михаилова. Освен во Битола во текот на наредниот месец изложбата ќе биде презентирана и во НУ. Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп, а културниот настан и каталогот се финансирани од Министерството за култура.