Наградата за животно дело за Милица Шперовиќ-Рибарски

0
536

Овогодинешната четвртоноемвриска награда за животно дело што ја доделува општина Битола оди во рацете на Милица Шперовиќ- Рибарски уметнички директор на фестивалот на класична музика Интерфест, потврдија за Тера од Советот на општина Битола.

Годишните награди, пак, според одлуката на комисијата, ќе отидат во рацете на Здружението на пензионери и на интерното одделение во битолската болница за 70 години јубилеј, а за стопанство награда ќе добие ЗК „Пелагонија“.

Наградите ќе им бидат доделени на свечената акдемијата на роденденот на градот.

Без коментари

LEAVE A REPLY