Награди и признанија за најуспешните во РЕК Битола

0
194

На денот на рударите беа доделени дипломите и признанијата на најуспешните на Работничките спортски игри кои традиционално ги организира Синдикатот на РЕК Битола.

Освен тоа беа програлсени и најуспешните.

„Веќе 40 години по 2-3 лица од систем ги наградуваме, оваа година едни, другата од друга единица и на тој начин ги стимулираме во нивната работа, иако за нивната работа и во нивните услови, сите заслужуваат награда“ рече претседателот на синдикалната организација на АД ЕЛЕМ Димче Дамчевски.

Вработените во РЕК Битола кои учествуваа во спортските игри се горди на сопствените успеси кои ги постигнале за време на одржувањето на спортските игри, но исто така се горди што се дел од овој енергетски гигант.