Награди за битолчани во Боево и Спорт Самбо

0
455

На Државното првенство во Самбо кое се одржа вчера во Салата Форца во Скопје, Самбо Клуб “ЧУРИН” како дел од “ИГОР ММА” Битола настапи со 6 Борци во две дисциплини и тоа Боево и Спортско Самбо при што беа забележани одлични резултати: Спортско Самбо: Димитров Ристо 3 место во категоријата до 68 кг, Дарко Лукач 1 место Шампион на Македонија во категоријата до 62 кг, Александар Петковски 2 место во категоријата до 100 кг, Борче Ангелов 2 место, Тихо Николовски 3 Место.

 12932628_1092029814175953_5360906854215477723_n

Во Боево Самбо: Ристо Димитров 1 место Шампион на Македонија во Категоријата до 68 кг, Дарко Лукач 2 место Ристо Димитров, Дарко Лукач и Александар Петковски изборија место во репрезентацијата на Република Македонија во Самбо за претстојните интернационални натпревари.

12991004_1092029844175950_1124439848149329843_n