Награди за инвентивни ликовни дела од ДЛУБ.

0
311

Друштвото на ликовните уметници на Битола традиционално по повод Денот на ослободувањето на Битола, 4 ти ноември, ја организираше ноемвриската изложба посветена на градот.

На изложбата се претставија повеќе уметници со свои дела изработени во различна техника.

Годинава се доделија награди за најинвентивни дела на две млади авторки кои ги додели жирито во состав Драган Најденовски, Никола Српчански и Елена Ѓоргиевска.

Оваа година на изложбата свои дела презентираа Александар Поповски, Васил Костов, Васко Кузмановски, Владимир Симоновски, Драган Најденовски, Драгана Тошиќ, Елена Ѓоргиевска, Ема Ќука, Илија Кочовски, Ленче Крстеска, Љубица М.Солак, Маја Ковачевска, Марија Велевска, Николче Српчански, Оливера Лазаревска Оља, Панде Петровски, Славица Михаилова, Стеван Цигаридов, Стефан Малбашиќ.