Наградуваната претстава Дисфункција на сцената во Интимниот театар

0
192

 

Дисфункционална – епитет кој одбивам да ме карактеризира како личност. Проблемите постојат за да си докажеме дека во секој од нас се крие по еден херој. Решението е достапно за секој кој се прифаќа себеси. Јас сум функционална, а вие?

Ова е само дел од претставата Дисфункција, на младинската сцена при Интимниот театар од Битола, која изминатиот период беше претставена на повеќе фестивали.

Прва награда освои за театарски спектакл на Интернационалниот фестивал, Лом, Бугарија, награда за најдобра режија на ДАФ., Кочани, специјално признание
за истражување и иновации во театарскиот израз – ДАФ, Кочани.

– 60 и некоја- минутна „Дисфункција“ зборува за нашите стравови, немири, разочарувања и болки. Ама зборува и за нашата борба, за секоја катарза после бура, за секој извојуван поход, за секоја насмевка и секоја победа. „Дисфункција“ е рефлексија на мене и на моите другари, и на вас и на секој кој во даден момент се чувствувал дисфункционален – вели Ана Жежовска .

Претставата е во режија на Димитар Шутевски, а играат Валентин Дамчевски, Виктор Иловски, Ана Жежовска, Симеона Павловска.

Дисфункција викендов повторно на сцената на Интимниот театар на 14 ти октомври од 20 часот.