Најден гробот на Аристотел во Северна Грција

0
727

Во северна Грција можеби е најден гробот на славниот грчки филозоф Аристотел. Информациите за ова беа објавени на днешниот светски конгрес насловен „Аристотел 2400 години“ што се одржа во Солун.

 Постојат силни индикации дека го најдовме неговиот гроб, вели Костас Сисманидес, а пренесуваат грчките медиуми.

Гробот на Аристотел најверојатно се наоѓа во градот каде бил роден во древната Стагира, на источната страна на полуостровот Халкидики во близина на градот Олимпија.

Се претпоставува дека жителите на Стагира ја донеле пепелта на Аристотел во неговото родно место по неговата смрт во 322 г.п.н.е во јужниот град Калкиди и го положили во зграда со облик на потковица, вели археологот.