Најдени телата и црната кутија од индонезискиот авион

0
450

Спасувачките екипи ги пронашле телата на сите 54 патници и членови на екипажот на авионот кој пред два дена се урна во провинцијата Папуа, на истокот од Индонезија, соопштија претставници.

Претставник на Националната агенција за спасување Херонимус Гуру, на конференцијата за новинари рекол дека е можно леталото да удрило во врвот на планина. Причината засега не е позната, пренесуваат светски агенции.

Пронајдена е и црната кутија на авионот.

Во авионот на компанијата  “Tigrana er” се наоѓале 44 патници, пет деца , бебе и пет членови на екипажот.

“Tigrana er” од 2007 година се наоѓа на листата на ЕУ забранети компании, поради лошите безбедносни услови.

Првичното сомнение дека падот на авионот се случил поради парите кои се наоѓале во него, 470.000 долари наменети за помош на сиромашните села, засега уште не е потврдено.

Авионот пред два дена изгубил контакт со контролата на летот, пола час по полетувањето од аеродромот Сентани во престолнината Папуа, Џајапури, на летот до Окисбил, кој требало да трае околу 45 минути.