Најдобро приготвените рибни специјалитети во ресторан Довлеџик

0
1422

Во прекрасниот амбиент до базенот Довлеџик, се отвори рибниот ресторан Довлеџик. Со долгогодишно искуство во угостителството, тимот на овој ресторан, ќе се погрижи за врвната услуга во истиот.

Во нов објект и комфорна атмосфера, гостите ќе имаат можност да уживаат во сите специјалитети од риба но и специјалитетите од македонската кујна.

Во ресторанот Довлеџик, гостите ќе уживаат и во вечерите со музика во живо секој петок и сабота, скара на жар, свежа риба, незаборавајќи ги специјално избраните вина, а сето тоа надополнето со одлична услуга и поволни цени.

Ресторанот претставува совршено место за организирање на свадби, крштевки, веридби и различни други веселби.

Доколку сакате да побегнете од градскиот метеж и да уживате во убавините на природата, ресторан Довлеџик е одличен избор.