Најголемата мото журка викендов се одржа во Битола

0
1733

Кога ќе се спомене зборот мотор, секогаш помислуваме на брзина, адреналин и мото собири.
Во Битола се одржа 6-тиот по ред мото собир, на кој гостите од Македонија, но и од другите земји како: Хрватска, Словенија, Грција, прво се собираа и ги презентираа своите мотори на плоштадот Магнолија.
Покрај нив многубројни мото клубови од повеќе градови од Македонија учествуваа на мото собирот, а меѓу бројните вљубеници во брзините и еден битолчанец добро препознатлив, Паљото, кој секогаш ги поддржува овие мото собири.

Во последно време се повеќе девојки и жени возат мотори, меѓу нив и пејачката Стефанија.
За мото собирите таа вели дека се одлични настани за запознавање со другите вљубеници во мото адреналинот.
Mото клубот Конзули од Битола е млад клуб формиран и регистриран во месец Јануари 2011 од повеќе основачи ентузијасти. Идејата за основање на клубот трае подолго време, а со оглед на бројноста на заинтересираните имало голем притисок за основање на клубот. Во меѓувреме нивни членови – моторџии, повеќе години учествуваа на различни мото тури и дружења.
Овој мото клуб е отворен клуб за заинтересирани моторџии и љубители на мотори кои сакаат дружење, возење и учество на разни собири, манифестации, хуманитарни акции, чувајќи ја природата и околината.
После собирот следуваше дефилето низ градот од каде вљубенциите во мото брзините се упатија кон ски центарот Ниже поле каде се одржа самиот собир.
Ноќните часови беа резервирани за забава, за која се погрижија битолчаните Рок банда и гостите од Грција – Сакис Доволис трио.
Oвие рок бендови со својот репертоар сериозно ги раздрмаа загреаните моторџии, а забавата траеше до раните утрински часови.
Некои приказни не можат да се раскажат со зборови, не можат дури ни да се опишат преку фотографии или снимки. Таква е и оваа приказна за 6 – тото издание на мото собирот во Битола.