Најголемиот ѕид се наоѓа меѓу Македонија и Грција

0
463

Со цел да се даде суштински придонес кон разбирањето на современата македонска национална историја од различни академски перспективи, вклучувајќи социолошки, лингвистички, антрополошки и политички аспект, за прв пат на грчка територија, во Лерин се одржа историска конференција за македонското прашање. Стана збор и за маргинализирањето на малцинските права од меѓународните организации.lerin konferencija

-Кога станува збор за македонското малцинство, тоа е маргинализирано на меѓународно ниво, слично е и во Грција. Тешко е еден полусвесен Македонец, од културно-јазична точка, преку слави, како што се овие дена во Овчаране, каде се изразува македонштината на ниво на култура, на јазик, а за да може поактивно да делува на политичката сцена, финансиската и економската криза го ставаат на втор план. Не е лесно за еден Македонец да жртвива нешто што е повеќе идеологија, некој вид романтизам во очите на просечниот Македонец, отколку егзистенцијата, нешто што го има едно просечно семејство во Грција, вели Павле Воскопулос, Виножито, Грција.PAVLE

Недозволиво е во 21 век, на една држава во срцето на Европа, да и се оспорува името, идентитетот и правата на македонското малцинство кое живее во соседните држави.

-Иако Европа ни кажува дека сме Европа без граници, најголемиот ѕид се наоѓа меѓу Македонија и Грција, вели Иле Тасевски од Австралија.ILE

Организатори на конференцијата беа Австралиско-македонскиот комитет за човекови права од Мелбурн, Австралија, „Виножито”- Партијата на македонското малцинство во Грција, Европската слободна алијанса од Брисел, ОМО Илинден Пирин и Меѓународното македонско движење за човекови права од Канада.

Конференцијата во Лерин, Грција е втора од ваков тип, по научниот собир кој беше одржан во 2013 година на Универзитетот „Монаш” во Мелбурн.LERIN KONFERENCIJA 3

-Нон-стоп се организираат вакви конференции низ цел свет за македонското прашање, па зошто не и во Лерин. За организацијата на конференцијата немавме проблеми, но на почетокот дојдоа од една прогрчка органзиација, сакаа да направат гужва. Но ние им дадовме слобода да прашаат, им одговоривме, а ним не им се допадна тоа, па си заминаа, вели Васко Настевски, професор на Универзитетот „Монаш “ во Мелбурн.VASKO

Меѓу учесниците на настанот беа познати академски имиња, како Виктор Фридман од Универзитетот на Чикаго, Грејс Филдер од Универзитетот на Аризона, Ендру Росос од Универзитетот на Торонто, Акис Гаврилидис од Универзитетот на Солун, Џорџ Влахов од „Ла троб универзитетот” од Австралија, Васко Настевски од Универизтетот на Мелбурн, Катерина Колозова од Институтот за социјални и хуманистички науки, Марија Пандевска и Македонка Митрева од Институтот за национална историја при УКИМ-Скопје.LERIN KONFERENCIJA 1

Конференцијата во Лерин заврши вчера, а учесниците првпат имаа можност да присуствуваат на традиционалниот македонски културен фестивал „Илинден” во село Овчаране, Грција.