Најкрвав напад на ИСИС во Ирак

0
274

Во експлозија на бомбаш-самоубиец во преполн пазар во Ирак вчера загинале најмалку 80 луѓе, во најкрвавиот напад на ИСИС откако ја презеде контролата врз големи делови на земјата.

Силата на експлозијата срамнила со земја неколку згради во градот Кан Бани Саад, на околу 30 километри североисточно од Багдад, смачкувајќи ги луѓето што го прославувале крајот на муслиманскиот месец на постот Рамазан, соопштија полицијата и медицинските лица, пренесе Ројтерс.

Исламска држава, која контролира големи делови од северен и западен Ирак, ја презеде одговорноста за нападот во мешаната источна провинција Дијала, каде што се наоѓа Кан Бани Саад, и рече дека целта биле „отпадниците“, како што групата ги нарекува шиитските муслимани.

Налутената толпа по експлозијата почнала од тага и лутина да ги крши прозорците на автомобилите паркирани на улицата.