Најмал интерес на Битолскиот Универзитет за новите струки

0
653

Најголем интерес за упис завршените матуранти пројавиле за Факултетот за безбедност во Скопје и Факулет за туризам во Охрид. Во првиот уписен рок Битолскиот Универзитет евидентира 1300 заинтересирани кандидати за студирање во прва година, а тоа според проректорот за настава д-р Сашо Атанасоски се 35% од вкупниот број понудени места за упис.

saso atanasoski prorektor

„ Најголем интерес за упис регистриравме на Факултетот за безбедност каде се пријавени 217 кандидати и на Факултетот за туризам каде се пријавија 177 кандидати“, изјави д-р Сашо Атанасоски проректор за настава на Битолски Универзитет

Споредбено со минатата година заинтересираноста за упис на Технички Факултет е заголемна за околу 50 %. Во првиот уписен рок минатата година се пријавиле околу 70 кандидати а оваа година 131 кандидат, вели Атанасоски. Најмал интерес на НА Битолскиот Универзитет за новите струки

„ За да бидеме сигурни колкава е заинтересираноста за овие студиски програми, мора да почекаме да видеме колку ќе се пријават кандидати во вториот и третиот уписен рок“, изјави д-р Сашо Атанасоски проректор за настава на Битолски Универзитет

И оваа година највисоко рангираните студенти ќе бидат ослободени од плаќање на партиципација, посочи Атанасоски.

studenti 3

Битолскиот Универзитет денеска ги објави и конкурсите за упис на студенти за втор циклус на студии за што се огласени 1185 места, како и за трет циклус на судии каде што има 111 места за вкупно 18 студиски програми.