Најмалку 10 турски полицајци загинаа во напад на минибус

0
242

Најмалку десетмина припадници на турската полиција загинаа во бомбашки напад на минибус во источниот дел на земјата, во провинцијата Игдир, соопштија денеска локалните власти.

Нападот, за кој се претпоставува дека го извеле припадници на Работничката курдска партија (ПКК) изведен е на минибус во кој се наоѓале полицајци кои работат на граничниот премин кој води од истокот на Турција кон Азербејџан, јави турската телевизија НТВ.

Во текот на ноќта повеќе од 50 турски воени авиони ги нападнале позициите на борците на ПКК на северот на Ирак, при што загинале најмалку 40 припадници на ПКК, јави турската новинска агенција Анадолија.