Најмалку 10 загинати при судар на два воза во Италија

0
440
Најмалку 10 лица загинаа, а неколку десетици други се повредени при судар на два патнички воза во јужна Италија.
Несреќата се случила меѓу местата Корато и Андрија, северно од градот Бари, во италијанската област Апулија.
На местото на сударот пристигнале поголем број амбулантни и полициски возила.
– Дошло до директен судар на двата воза, некои вагони се целосно уништени, изјави шефот на локалната полиција Рикардо Цингаро.