Најмалку 10 загинати во самоубиствен напад во Авганистан

0
366

Најмалку десет лица загинаа, а 40 се повредени во самоубиствен напад во близина на пазар во источната авганистанска провинција Кунар, соопштија локални претставници.

Бомбаш самоубиец возел мотор и потоа се разнел на пазар во Асадабад, главниот град на провинцијата, при што десет лица загинаа, а над 40 се ранети, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Кунар.