Најмалку 102 жртви во пожар во храм во Индија

0
439

Најмалку 102 лица загинале и уште околу 250 се повредени во пожар кој избувнал ноќта кон неделата во храм во крајбрежниот округ Колам, во југозападна Индија, кога масата луѓе е собрала да следи огномет.

Трагичниот настан се случи неколку дена пред почетокот на фестивалот Вишу, кој ќе се одбележи на 14-ти април. Со ова прослава започнува хиндуската Нова година и е нашироко позната како фестивал на светлината и огнометите.

timthumb (50)

Се претпоставува дека пожарот најверојатно го предизвикала неконтролирана експлозија на пиротехнички средства во храмот Путангал Деви во градот Паравур во сојузната држава Керала, пренесе телевизиската мрежа NDTV. Пожарникарите и полицајците до утрото се справувале со огнот во храмот пружајќи им помош на настраданите.

На телевизиските снимки може да се видат низа од силни експлозии облаци од чад, и повредени како пристигнуваат во локалните болници,а оние кои се во критична болница се префрлени во административниот центар Тируванантапурам. Пожарот избувнал во неделата рано утрото по локално време.

pozar-indija-1460270068-883137-724x400

Министерот за внатрешни работи на државата Керала, Рамеш Ченинитала изјави дека полицијата којашто е на местото не несреќата ќе ги контролира спасувачките напори.

„Храмот секоја година приредува огномет. Правиме сé за да бидат спасени оние коишто уште се заглавени таму“, додаде министерот порачувајќи дека е отворена истрага.

Премиерот на Керала, Умен Чанди, пак, ги обвини старешините на храмот дека го организирале огнометот без за него да имаат дозвола. „Власите на округот Колам немале дозвола за огнометот“, изјави Чанди.

Пожарите и стампедата не се реткост во храмовите и на верските свечености во Индија, главно поради слабите безбедносни мерки.

Оваа несреќа се случи во периодот на подготовка за парламентарните избори во сојузната држава Керала, каде на власт е Конгресната партија, којашто инаку е во опозиција на национално ниво./крај/мф/сн