Најмалку 11 загинати и над 200 повредени во пожар во Саудиска Арабија

0
266

Најмалку 11 лица загинаа денес додека 219 се повредени при пожар во станбена зграда во која живеат вработени во нафтената компанија Арамко на исток во Саудиска Арабија, јавуваат светските агенции.

Пожарот избувна рано утринава во подрумот на зградата каде се наоѓаат и гаражите и во текот на денот се прошири на целата зграда, соопшти саудиската цивилна заштита и додадоа дека многу повредени се во критична состојба.
Локалните власти поради безбедност ги евакуираа жителите од околните згради, а засега не е позната причината за пожарот.