Најмалку 11 загинати во автобуска несреќа во египетското летувалиште Хургада

0
150

Најмалку единаесет луѓе загинале и уште толку се тешко повредени во превртувањето на патнички автобус на обиколницата кај египетското одморалиште Хургада, пренесуваат во неделата локалните медиум.

Засега не се познати причините за несреќата на брегот од Црвеното Море, околу 500 километри југоисточно од египетската престолнина Каиро, пишува електронското издание на весникот Al Ahram.

Илјадници луѓе ги губат животите а десетици илјадници страдаат секоја година во сообраќајните несреќи во Египет, кој е познат по слабата безбедност на патиштата и непочитувањето на сообраќајните прописи.

Во својот последен извештај од април годинава, органите за безбедност во сообраќајот објавија дека во текот на минатата 2014 година во Египет се регистрирани повеќе од 14.000 сообраќајни несреќи, во коишто загинале повеќе од 6.200, а повредени биле уште 25.154 луѓе.

Последната поголема сообраќајна несреќа се случи кон крајот на мај, кога 16 луѓе, меѓу кои и тројца полицајци, загинаа во судир кај местото Бени Суеф, јужно од Каиро.