Најмалку 11 загинати во поплавите во Грција

0
415

Најмалку 11 лица загинаа во поплавите што денеска ги зафатија реоните на градовите Мандра и Неа Перамос, западно од Атина.

Поплави, предизвикани од бурата Евридика, која беше проследена со поројни дождови, се регистрирани и во местата Мегара и Магула, каде многу локални жители, како и во Мандра и Неа Перамос, остана заглавени во своите домови.

Поради поплавите затворени се повеќе училишта во тој дел на Грција, а во Мандра и Неа Перамос властите прогласија вонредна состојба.