Најмалку 12 загинати во експлозија во Банкок

0
309

Бомба прикачена за моторцикл експлодираше пред хиндуистички храм во тајландскиот главен град Банкок, при што загинале најмалку 12 лица. Официјалните лица од местото на несреќата соопштија дека околу 20 луѓе биле повредени во експлозијата. Се уште никој не презеде одговорност за нападот во близина на познатото светилиште Ераван, на голема раскрсница во вцентарот на Банкок опкружена со луксузни хотели.