Најмалку 14 мртви во поплавите во Тајланд

0
387

Поројните дождови и поплавите коишто започнаа минатата седмица во јужни делови од Тајланд, предизвикани од антициклон, зедоа 14 жртви, пренесува ТАСС.

Природната непогода се случи во област во која живеат приближно 600 илјади луѓе. Вонредна состојба е прогласена во над 11 провинции, вклучувајќи ги и егзотичните острови Самуи и Панган.

Се очекува дождовите и високиот водостој да продолжат и наредните неколку дена.