Најмалку 14 убиени во престрелката во Калифорнија

0
433

Најмалку 14 луѓе се убиени а уште толку се ранети во пукање во калифорнискиот град Сан Бернардино во средата по локално време, објави американската полиција која трага по три сомнителни лица кои отвориле оган во центар за социјална грижа.
Престрелката се случила во 11 часот по локално време (20 часот по македонско), во регионалниот центар „Inland“, кој обезбедува помош за луѓе кои страдаат од ментални нарушувања. Тој е еден од најголемите и најпосетувани во Калифорнија, од лица со аутизам и ментална ретардација.

Локалните телевизии емитуваа снимки на околу 30 луѓе кои излегуваат до зградата, во која претходно биле земени во заложништво.

Во текот на прес-конференцијата која директно ја премесуваше CNN, портпаролот на локалната полиција објави дека „во моментов познато ни е за најмалку 14 загинати и 14 ранети кои се пренесени во болниците со сериозни повреди, најверојатно од огнено оружје“, посочувајќи дека „станува збор за прелиминарни податоци“.

Портпаролката на полицијата за весникот The Los Angeles Times изјави дека сомнителните лица биле тешко вооружени и дека можеби носеле заштитни елеци. Нејзините колеги објавија дека е „потврден еден од тројцата можни сторители“.

Полицаец за телевизијата NBC изјави дека има повеќе смртни случаи, а пожарникарите објавија дека реагирале на дојава за 20 жртви.

Телевизијата CBS извести дека на местото на нападот има и пиротехничари кои се обидуваат да деактивираат експлозивна направа, но оваа информација не е официјално потврдена. /крај/мф/сн