Најмалку 15 мртви, десетици ранети во терористички напад

0
565

Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се повредени откако автомобил-бомба експлодира во близина на болница во сирискиот град Хомс.

Досега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата во градот во западна Сирија, но се претпоставува дека нападот е организиран и спроведен од припадниците на Исламска држава.

„Автомобил полн со експлозив детонираше во близина на болницата ал-Ахли. Десетици луѓе се повредени, а има и жртви, но точната бројка не се знае“, изјави анонимен извор за РИА Новости.