Најмалку 15 загинати во експлозија пред центар за вакцинирање во Пакистан

0
260

Најмалку 15 луѓе меѓу кои повеќето полицајци беа убиени во експлозија на бомба пред центар за вакцинирање од детска парализа во југозападен Пакистан. Полицајците се собрале пред центарот за да ги обезбедуваат тимовите кои заминувале на третата етапа од кампања за вакцинирање. Повеќе од 20 луѓе се ранети.