Најмалку 16 лица загинаа во самоубиствен напад врз електроцентрала во Ирак

0
206

Тројца бомбаши самоубијци ја нападнаа електроцентралата во шест часот по локално време.

Најмалку 16 лица беа убиени денеска во самоубиствен бомбашки напад врз електроцентрала во северниот ирачки град Дибис, изградена од иранска компанија, соопштија локалните власти.

– Тројца бомбаши самоубијци ја нападнаа електроцентралата во шест часот по локално време (три часот според Гринич), при што убија 12 ирачки работници и четворица ирански техничари, изјави градоначалникот на Дибис, Абдала Нуредин ал Салехи.