Најмалку 17 луѓе загинаа во два напада во Авганистан

0
221

Во напад на бомбаш-самоубиец северозападно од Кабул загинаа двајца авганистански војници, а уште двајца се повредени.

Во северната авганистанска провинција Фаријаб во вчерашната заседа од талибанците загинаа најмалку 15 припадници на милицијата лојална на генералот Абдула Рашид Достум, потпретседател на Авганистан.

Заменик-гувернерот на Фарјаба, Абдула Сатара Бареза истакна дека загинале 15 припадници на милицијата, а четворица се повредени.

Заменик-шефот на полицијата на Фарјаба, Барјала Башарјар изјави дека во талибанската заседа загинале 20 припадници на милицијата.