Најмалку 19 загинати во пад на хеликоптер во Сибир

0
286

Деветнаесет лица загинале, а три се повредени и хоспитализирани во несреќата од ноќта кон саботата на хеликоптер од типот „Ми-8“ во северозападен Сибир.

Хеликоптерот доцна ноќта во петокот со 22 патници и членови на екипажот се урнал недалеку селото Нов Уренгој најверојатно при обид за принудно слетување, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација. Според првичните сознанија 19-те жртви настрадале на самото место од многубројните повреди.

Хеликоптерот летал од сибирскиот регион Краснојарск во градот Уренгој, во регионот Јамало-Немеци,

Иследниците засега не исклучуваат ниедна од верзиите за падот, како кршење на прописите за безбедноста на летањето, механички проблем или лошите метеоролошки услови./крај/мф/сн