Најмалку 20 убиени во самоубиствен напад на девојче во Камерун

0
366

Камерун во саботата навечер повторно бил цел на напад на самоубиствен бомбашки напад кој го извршило девојче во градот Маруа, при што загинале најмалку 20 а ранети се 79 луѓе, објави тамошната државна телевизија.

Камерунските медиуми, повикувајќи се на полициски извори и изјави на очевидци, во неделата објавија дека нападот го извела адолесцентка која активирала бомба во бар во работничка населба во градот Маруа. Овој град и во средата беше цел на два крвави напада, за коишто никој не ја презема одговорноста, но ги носат сите белези на дејствувањето на радикалната исламистичка група Боко Харам чија база е во Нигерија, но дејствува и во Камерун, Нигер и во Чад.

„Девојче од дванаесетина години активирала експлозив во бар во близина на таканаречниот Зелен мост. Безбедносните сили ја блокираа областа и уапсија неколку лица“, пренесува AFP. Според очевидци, барот во тој период бил преполн со гости.

Маруа, кој порано бил динамичен трговски град со мнозинство муслиманско население, веќе цела седмица живее во страв и со силно полициско присуство, откако во средата две девојчиња бомбаши самоубијци убија 13 луѓе на главниот градски пазар и во блиската населба.

Маруа е главен град на покраината Краен север, покрај чија граница се бази на Боко Харам којашто изведува зачистени напади во Нигерија, но и во соседните Камерун, Чад и Нигер. Четирите земји на почетокот од 2015 година покренаа воени операции против исламистите и им нанесоа тешки загуби, но не успеаја да ја разбијат групата. Така во моментов се речиси се секојдневни. Така, во петокот најмалку 25 луѓе загинаа во напад на исламистите во североисточна Нигерија./крај/мф/сн