Најмалку 20 загинати во поплави во Јута

0
179

Бројот на загинати во поплавите предизвикани од поројни дождови што ја зафатија американската сојузна држава Јута се зголеми на 20, соопштија вчера локалните власти, пренесува ТАСС. Судбината на едно шестгодишно момче се уште останува неизвесна.

 

Според податоците на локалните власти во националниот парк Зион се удавиле седум туристи од Калофорнија и Невада, сите на возраст од околу 50 години. Додека сојузната држава Јута беше зафатена од поројни дождови, туристите биле на прошетка во паркот со површина од 600 километри квадратни и не успеале да се засолнат на безбедно место.

Спасувачките екипи го открија телото на 33-годишен маж од градот Харикејн во јужниот дел на државата. Тој беше прогласен за исчезнат веќе неколку дена.