Најмалку 22 лица загинаа при експлозија на автомобил-бомба во Сирија

0
426

Најмалку 22 лица загинаа при експлозија на автомобил-бомба во сирискиот град Камишли, каде живее главно курдско население.

Целта на нападот бил објект на локалната курдска милиција и владина зграда, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права, чие седиште се наоѓа во Лондон.

Камишли се наоѓа во северниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција.